Опис на производи

Ѕвездена мапа

Ѕвездена мапа | Zvezdena mapa

Постерот Ѕвездена мапа го претставува соѕвездието на даден ден и локација. Тоа е персонализиран постер кој се прави за ден кој ви е значаен како денот на вашиот прв бакнеж, раѓањето на вашето дете, денот на вашата свадба, дипломска или друг важен момент од вашиот живот.

Можете да изберете од трите достапни модели на ѕвездени мапи. Дополнително може да се персонализира со додавање на текст по ваш избор. Вие ја бирате бојата и дизајнот на мапата за целосно да одговара на просторијата каде ќе биде сместен. Секоја мапа е уникатна и се прави специјално за вас, со тоа тој специјален момент останува вечно со вас.

Клиентите ни раскажуваат дека постерот им носи радост секој пат кога ќе влезат во собата и ќе го видат бидејќи истиот ги потсетува на првиот ден од заедничкиот живот поминат со личноста која ја сакаат. Тоа е навистина уникатен подарок за секоја пригода:

  • Годишнина
  • Свадба
  • Повојница
  • Новороденче
  • Роденден
  • Дипломирање
  • Пензионирање
  • Денот на вљубените
  • Денот на мајките
  • Денот на татковците

Што покажува вашата Ѕвездена мапа?

Ѕвездената мапа ја покажува проекцијата на небото со наведените кардинални насоки (Северен, Јужен, Источен, Западен). Ѕвездите кои се блиску до работ на кругот се поблизу до хоризонтот, додека ѕвездите близу до центарот на кругот, се видливи веднаш над вас во моментот кога гледате во небото.

Кој податоци се потребни за да се изработи мапата?

Во зависност од избраната дата, ѕвездената мапа ќе го прикажува минатото или иднината. Тоа значи дека ѕвездена мапа може да се направи за дата во минатото и за дата во иднината. Покрај датата, треба да се даде и час за попрецизно да се направи мапата. Третиот податок кој е потребен за креирање на ѕвезденото небо е локација. Локацијата можете да ја дадете како град или со прецизни координати.

Дизајн на Ѕвездената мапа

Откако ќе ги доставите потребните информации за изработка на мапата, следен чекор е да изберете модел на ѕвездена мапа.

  • Дата
  • Час
  • Локација

Во зависност од моделот на ѕвездена мапа, можете да изберете боја на позадината и на самата мапа, дали постерот да има рамка или не како и дали сакате позадината на мапата да биде со одредена слика. Постерот дополнително се персонализира со текст кој се додава по ваш избор и текст со кој се наведени датата, часот и локацијата (кординати). Сите модели на мапа се објаснети на посебни постови.

Димензии и опции

Сите постери на Модернита ги нудиме во повеќе стандардни димензии:

  • 21×30
  • 30×40
  • 50×70
  • 70×100

Постерите може да се изработат и во димензија по ваш избор и на материјал по ваш избор по претходна консултација. Ова се димензиите со кој гарантираме добар квалитет на постерите.

Постерите се печатат на висококвалитетна, дебела, мат хартија 200/250GSM на 300dpi.

Dimenzii na ramki modernita

Постојат повеќе опции како можете да ги добиете постерите:

  • Рамка
  • Дрвен носач
  • Само постер
  • Електронска верзија на постерот

Електронската верзија на постерот се праќа на е-маил во димензии кои ги имате избрано за да можете сами да го испринтате постерот и да го врамите.

Постер на дрвен носач

Пакување и доставување на производот

Сите производи на Модернита се внимателно спакувани во рустичен стил. Со тоа се спремни да ги подарите, без да имате дополнителни трошоци за пакување.

Постерите се доставуваат по карго до сите градови во Македонија. Постои можност и за достава на производите во странство.

Постојат многу подароци кои можете да ги купите на вашите сакани, но ретко кој од нив остануваат засекогаш со нив и ги потсеќаат на драгоцените моменти поминати заедно.

Не чекајте, контактирајте не и нарачајте ја вашата Ѕвездена мапа.