Дали може да се врати/рекламира производот?

Најголем дел од производите кои ги изработува Модернита се персонализирани и поради оваа причина истите не може да се вратат и рекламираат. Сепак, при секоја нарачка, се праќа припремата за да се одобри дизајнот или доколку е потребно да се направи корекција за да бидете уверени дека производот кој го нарачувате ќе ги исполни вашите барања и очекувања.

Доколку производот е оштетен при транспорт, секако дека одговорнот презема Модернита, односно во ваков случај имате можност целосно да ја откажете нарачката или доколку се согласите да ви пратиме нова.

Како се врши доставата на производите?

Достава на прозиводите се врши низ целата територија на Македонија преку карго. Доколку доставата е за Скопје, постои опција лично да се достави со дополнителен договор.

Како се врши плаќањето?

Плаќањето се прави при подигање на пратката. Се плаќа цената на производот + 150 ден доколку се доставува по карго.

Колку време е потребно за изработка и достава на производите?

Во зависност од видот на производот и обемот на нарачки кои ги има Модернита во моментот, за изработка се потребни 1-3 работни дена. Доколку е потребно повеќе дена за изработка, истото е наведено во описот на самиот производ. Откако ќе бидат изработени производите и пратени по карго истите се доставуваат за 1-3 дена во зависност за кој град се работи. Доставата за Скопје, доколку не е по карго, може да биде истиот ден кога ќе биде готов производот, по претходен договор.

Дали е можно нарачката да се прати како подарок?

Секако! Во ваков случај дополнително контактираме околку начинот на плаќање.

Како да нарачам?

Веб страницата на Модернита представува само каталог на производи и не постои опција за нарачка и онлајн плаќање. На страницата КАКО ДА НАРАЧАМ подетално е објаснет процесот на нарачка

Дали може да ја променам нарачката?

Секако дека може да се прават промени и корекции пред или по праќање на припремата. По одобрување на припремата и изработка на производот не е можно да се прават измени во нарачката.