Опис на производи

Хороскопски знак

Хороскоп постер | Horoskop poster

Според астрологијата, постојат 12 хороскопски знаци, и секој знак има свои јаки и слаби страни, свои специфични својства, желби и став кон животот и луѓето. Првиот знак на хороскопскиот циклус е Овен. Овенот почнува од првиот ден на пролетта. Другите единаесет хороскопски знаци се: Бик, Близнаци, Рак, Лав, Девица, Вага, Скорпија, Стрелец, Јарец, Водолија и Риби.

листа на хороскопски знаци

Секој од 12-те знаци на хороскопот припаѓа на еден од четирите елементи – Воздух, Оган, Вода и Земја. Овие елементи претставуваат суштински вид на енергија што делува кај секој од нас

Овие четири елементи помагаат да се опишат уникатните типови на личност поврзани со астролошки знаци. Четирите хороскопски елементи покажуваат длабоко влијание врз основните карактерни црти, емоции, однесување и размислување.

Водени знаци

Водените знаци се исклучително емотивни и ултра чувствителни. Тие се многу интуитивни и можат да бидат исто така мистериозни како и самиот океан. Водените знаци сакаат длабоки разговори и интимност. Тие ретко прават нешто отворено и секогаш се таму за да ги поддржат своите најблиски.

Водните знаци се: Рак, Шкорпија и Риби.

Огнени знаци

Огнените знаци имаат тенденција да бидат страствени, динамични и темпераментни. Тие брзо се лутат, но и лесно простуваат. Тие се авантуристи со огромна енергија. Тие се физички многу силни и се извор на инспирација за другите. Огнените знаци се интелигентни, самосвесни, креативни и идеалистички луѓе, секогаш подготвени за акција.

Огнените знаци се: Овен, Лав и Стрелец.

Земјени знаци

Земјените знаци се „заземјувани“ и оние што нè симнуваат на земјата. Тие се претежно конзервативни и реални, но можат да бидат и многу емотивни. Тие се поврзани со нашата материјална реалност и можат да се свртат кон материјални добра. Тие се практични, лојални и стабилни и се држат до своите луѓе низ тешки времиња.

Земјени знаци се: Бик, Девица и Јарец.

Воздушни знаци

Воздушните знаци се рационални, социјални и комуникативни во односите со други луѓе. Тие се мислители, пријателски расположени, интелектуални, комуникативни и аналитички. Тие сакаат филозофски дискусии, социјални собири и добри книги. Тие уживаат да даваат совети, но можат да бидат и многу површни.

Воздушните знаци се: Близнаци, Вага и Водолија

Модернита има посветено посебна група на постери за сите хороскопски знаци.

Првиот модел на постери се однесуваат на поединечните знаци. Дадено е соѕвездието на знакот а подолу е напишан името на знакот и три особини на знакот. Особините на знакот може да се менуваат во зависност од карактерот на личноста за кого се наменети постерите. Дополнително може да се додаде текст со датата на раѓање, елементот на знакот (вода, оган, земја, воздух)  или друг текст по ваш избор. Исто така, постерите може да бидат на Македонски јазик, Албански јазик, Англиски јазик или било кој друг јазик.

Вториот модел на постери се однесуваат на два знака. Знаковите на партнерите се спојуваат во една илустрација а под нив напишани се:

  • имињата на двата знаци
  • елементите на двата знаци
  • имињата на партнерите
  • текст по ваша желба

Димензии и опции

Сите постери на Модернита ги нудиме во повеќе стандардни димензии:

  • 21×30
  • 30×40
  • 50×70
  • 70×100

Постерите може да се изработат и во димензија по ваш избор и на материјал по ваш избор по претходна консултација. Ова се димензиите со кој гарантираме добар квалитет на постерите.

Постерите се печатат на висококвалитетна, дебела, мат хартија 200/250GSM на 300dpi.

Dimenzii na ramki modernita

Постојат повеќе опции како можете да ги добиете постерите:

  • Рамка
  • Дрвен носач
  • Само постер
  • Електронска верзија на постерот

Електронската верзија на постерот се праќа на е-маил во димензии кои ги имате избрано за да можете сами да го испринтате постерот и да го врамите.

Постер на дрвен носач

Пакување и доставување на производот

Сите производи на Модернита се внимателно спакувани во рустичен стил. Со тоа се спремни да ги подарите, без да имате дополнителни трошоци за пакување.

Постерите се доставуваат по карго до сите градови во Македонија. Постои можност и за достава на производите во странство.

Постерот Хороскопски знак е наменет за сите вљубеници во хороскопот. Постерите секогаш може дополнително да се персонализираат со елементи по ваш избор.