Секоја љубовна приказна има повеќе важни датуми! Па, дали има подобар начин да се овековечат тие датуми со приказ на ѕвездена мапа од важниот ден? Се додаваат онолку ѕвездени мапи колку што имате важни датуми:
- денот кога се имате сретнато
- денот на вашиот прв состанок
- денот на вашиот прв бакнеж
- денот кога ве има побарано за жена
- денот на вашата свршувачка
- денот на вашата свадба
- денот на раѓањето на вашето прво, второ трето… дете
Постерот ЅВЕЗДЕНА МАПА го прикажува соѕвездието на даден ден и локација. Насловот и поднасловот на постерот може да се менуваат со тект по ваша желба.
За изработка на ѕвездената мапа потребно е да се достават информации за датата, часот и локацијата за секоја ѕвездена мапа.