Персонализирана месечина
Во наталната карта, покрај Сонцето, Месечината има најголемо значење за личноста. Месечината симболизира време, циклус, восхит и рамнотежа. Таа претставува регенерација, мистерија, чувства и инстинкт. Месечината владее со нашата потсвест. Таа симболизира моќ, плодност, промена и влијае врз нашата емотивна состојба и однесување. Месечевата фаза која била на денот на нашето раѓање игра големо влијание врз нашите секојдневни животи.
Месечината поминува низ 8 фази.
- Млада месечина (New moon) е кога Месечината не може да се види. Оваа фаза се јавува кога Месечината е директно помеѓу Земјата и Сонцето. Сончево затемнување може да се случи само на нова месечина.
- Прва половина (Waxing crescent moon) e кога Месечината личи на полумесечина и се зголемува од ден на ден.
- Прва четвртина (First quarter moon) е кога половина од Месечината е видлива.
- Последна фаза на осветлување (Waxing gibbous moon) е кога повеќе од половина месечина е видлива и истата од ден за ден расте.
- Полна месечина (Full moon) е кога можеме да го видиме целиот осветлен дел од Месечината. Фазата на полна месечина се јавува кога Месечината е од спротивната страна на Земјата од Сонцето. Месечево затемнување може да се случи само на полна месечина.
- Прва фаза на затемнување (Waning gibbous moon) е кога половина од Месечината е видлива и истата од ден за ден се намалува.
- Последна четвртина (Third quarter moon) е кога половина од Месечината е видлива и истата од ден за ден се намалува.
- Последна фаза на затемнување (Waning crescent moon) e кога Месечината личи на полумесечина и се намалува од ден на ден.
Постерот Персонализирана месечина покажува како изгледала Месечината на одредена дата.
Постојат повеќе online календари каде можете да видите каква била Месечината на одреден ден или каква ќе биде Месечината на одредена дата во иднина.
Врз основа на основа на тоа во која фаза била Месечината на одреден ден се дизајнира постерот. Покрај слика од Месечината, на постерот може да се напише текст по ваш избор и да се додаде датата и останати информации кои се важни за вас.
Кој податоци се потребни за да се изработи Персонализираната месечина?
За да се изработи месечината потребно е да ни доставите дата и локација. Локацијата е единствено важна за да се утврди дали местото е на јужната или северната хемисфера на земјата бидејќи луѓето на различни хемисфери ја гледаат Месечината на поинаков начин. Во Северната хемисфера (каде спаѓа Европа) луѓето ја гледаат месечината наопаку па така страната која е осветлена е спротивна од Јужната Хемисфера.
Дизајн на Ѕвездената мапа
Откако ќе ги доставите потребните информации за изработка на Персонализираната месечина, следен чекор е да изберете од четирите модели на месечина.
Можете да изберете боја на позадината (месечината подобро изгледа на потемни бои, најдобро на црна позадина). Постерот дополнително се персонализира со текст кој се додава по ваш избор и текст со кој се наведени датата и локацијата.
Димензии и опции
Сите постери на Модернита ги нудиме во повеќе стандардни димензии:
- 21×30
- 30×40
- 50×70
- 50×70
Постерите може да се изработат и во димензија по ваш избор и на материјал по ваш избор по претходна консултација. Ова се димензиите со кој гарантираме добар квалитет на постерите.
Постерите се печатат на висококвалитетна, дебела, мат хартија 200/250GSM на 300dpi.
Постојат повеќе опции како можете да ги добиете постерите:
- Рамка
- Дрвен носач
- Само постер
- Електронска верзија на постерот
Електронската верзија на постерот се праќа на е-маил во димензии кои ги имате избрано за да можете сами да го испринтате постерот и да го врамите.
Пакување и доставување на производот
Сите производи на Модернита се внимателно спакувани во рустичен стил. Со тоа се спремни да ги подарите, без да имате дополнителни трошоци за пакување.
Постерите се доставуваат по карго до сите градови во Македонија. Постои можност и за достава на производите во странство.
Постојат многу подароци кои можете да ги купите на вашите сакани, но ретко кој од нив остануваат засекогаш со нив и ги потсеќаат на драгоцените моменти поминати заедно.
Не чекајте, контактирајте не и нарачајте ја вашата Персонализирана месечина.